Познатата српска пејачка Дара Бубамара снима нова песна со наслов „Бараба“.
„Често пати пријателите ми велат дека сум вистинска бараба баш како што гласи и мојата најнова песна. Ми велат дека сум слатка, но понекогаш и безобразна. Новата песна е комплетно биографска, особено стиховите „Само коата ми е плава, црно ти се пише. Јас се играм со тебе поради хир и те пуштам бидејќи не си мој калибар.“ Овие стихови навистина зборуваат за мене зошто понекогаш сакам да си поиграм со момците.“ – открива Дара Бубамара.
Таа исто така откри дека дека поради новата песна ослабнала и ја променила фризурата.
„Пријателките сега често ме прашуваат која е тајната за мојот добар изглед, а јас им одговарам дека не јадам ништо. Буквално за цел ден земам неколку гриза и тоа е се. Тоа е, морам бидејќи сакам да изгледам топ. Одлучив и да ја скратам косата, за да бидам потполно различна.“ – додава малата слатка русокоса.