Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо своите следбеници на Инстаграм ги почести со утринска семејна фотографија.
Роналдо и Георгина позираа во кревет заедно со близнаците Ева и Матео и малиот Алан.
„Доме, слатки доме“ напиша Роналдо, а фотографијата ја сподели и Георгина на својот профил.
Најмногу внимание привлече згодната Георгина која без грам шминка повторно воодушеви со својата убавина, а фотографијата собра нешто повеќе од 8 милиони лајкови и низа коментари.