Фотографијата од 34-годишната премиерка на Финска која позира за моден магазин, некои ја критикуваат, а други ја поздравуваат.
Сана Марин, најмладата премиерка на светот, позирала за магазинот облечена во сако, а може да се забележи дека под него не носи ништо.
Фотографијата прво била објавена на Инстаграм профилите на магазинот, а потоа следувале лавина коментари дека не ѝ прилега таков изглед со оглед на нејзината функција.
Меѓутоа, имало и такви кои стоеле во нејзина одбрана, па ја фалеле нејзината убавина, сила и самостојност. Поединци коментирале дека Марин е најубавата премиерка на светот.