(ФОТО) Фановите згрозени: Поранешниот сопруг на актерката која се удави и нејзината сестра живеат заедно, но и фотографирани како се држат за рака

Поранешниот сопруг на починатата актерка Наја Ривера, Рајан Дорси, започнал да живее со нејзината сестра Никајла Ривера.

Целта, како што истакнала Никајла, е тие заедно да го одгледаат синот на Наја и Рајан, 5-годишниот Џоузи кој во јули оваа година остана без мајка.

За потсетување, ѕвездата на серијата „Glee“ трагично го загуби животот на 33 години кога на 8 јули исчезна на езерото Пиру, а 5 дена подоцна нејзиното безживотно тело беше пронајдено на длабочина од 25 до 30 метри.

Причината за смртта на младата актерка е давење, а начинот е несреќен случај, навеле докторите кои ја вршеле обдукцијата. Наја тогаш, како што пишуваа светските медиуми, успеала да го спаси синот, но не и себеси.

Сега на нејзиниот ожалостен сопруг му помага помладата сестра на Наја, а како што се зборува – тие се неразделни од трагедијата која им се случила.

Рајан и Никајла неодамна заедно се вселиле во изнајмена куќа која има 3 спални соби, а имаат и помош од родителите на Рајан. Парот ја поминува секоја слободна минута од своето време заедно и не излегуваат еден без друг од домот.

На 19 септември, Рајан и Никајла биле фотографирани во еден трговски центар како се држат за раце, онака како што паровите се држат за раце.
soprugot i sestrata na Naja RiveraФановите на починатата актерка се згрозени и сметаат дека помеѓу нив се случува нешто повеќе од семејна блискост и дека истата ги надминува роднинските односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e