Внуката на премиерот Зоран Заев, Ева Заева и нејзиното момче Душко Чифлиганец, новата 2019 година ќе ја дочекаат во Дубаи – се пофали на инстаграм младиот Чифлиганец.
Младиот пар уживаат на едно од најмондентските и најскапите места во светот.
Чифлиганец, инаку син на тајкунот Ванчо Чифлиганец, на инстаграм објави фотографии за да се пофали дека со Ева веќе пристигнале во Обединетите Арапски Емирати, каде веќе уживаат во летање со подобран над ова маркантно место со величествен пејсаж.
Проверката на интернет покажува дека само за летање со подобран на оваа локација (The Palm), кое трае дваесетина минути, за еден човек се плаќа околу 523,5 евра. Ова значи дека за овие 20 минути уживање потрошиле околу 1050 евра.