Актерката Ешли Тиџејл се огласила на својот Инстаграм профил, па со своите следбеници споделила фотографија и открила дека ги извадила силиконите од градите.
Ешли навела дека после естетската корекција на градите имала одредени здравствени проблеми, како и дека поголемото деколте само накратко ја направило посреќна и посигурна во себе.
„Како што знаете, отворена сум кога е моето психичко здравје во прашање, а мислам дека ова е подеднакво важно. Пред многу години бев на операција за зголемување на градите. Пред операцијата, постојано се чувствував дека моето тело не е вредно и мислев дека зголемувањето на градите ќе ми го промени животот и ќе направи да имам повеќе самодоверба“, напишала актерката на Инстаграм и додала дека веќе некое време има помалку здравствени проблеми поради силиконите, како на пример тоа дека станала алергична на одредена храна, поради што одлучила да ги извади.