Најпознатата американска плус сајз манекенка Ешли Греам (34) се породила на 7 јануари и добила близнаци, две момчиња.
– Џастин и јас сме пресреќни што можеме да ви кажеме дека нашите момчиња пристигнаа. Тие се родени рано утрово, дома. Тие се среќни и здрави – напишала Ешли.
Таа потоа додала дека ќе и треба малку време да се опорави по породувањето, но и да помине време со синовите и сопругот.
– Ќе одвојам малку време да се опоравам и да се поврзам со сопругата и нашите три момчиња, но навистина едвај чекам да споделам се со вас – заклучил Греам на Инстаграм.