Манекенката Емили Ратајковски ги претстави своите нови модели на костими за капење. Таа со своите фанови сподели фотографии и снимки од плажа.
За новата креација таа добила инспирација од сличено бикини на Версаче кој чини повеќе од 1200 евра.
Но ни бикинито на Емини не е евтино. Според „Дејли Меил“, се продава по иста цена.
Познатата манекенка и сама во една прилика рекла дека прерано почнала со објавување на голи фотографии.
-Почнав на луѓето да им покажувам фотографија на која имав 14 години за да им докажам дека моето тело е природно. Сега сум тажна, затоа што таа фотографија воопшто не постои. Бев само дете на ова фотографија и би сакала тогаш светот да ме охрабрел за да бидам нешто повеќе од самото тело- напишала Емили на својот профил на Инстаграм додавајќи дека мисли дека има предност заради своето тело затоа што може да биде модел и да заработува преку Инстаграм.