(ФОТО) Џеред Лето ги почести обожавателките со провокативна фотографија

Американскиот глумец и предводник на бендот „30 секунди до Марс“ – Џеред Лето на Инстаграм објави фотографија од своето голо атлетско мускулесто тело, докажувајќи дека за него „не е проблем ниту да се влезе во форма, ниту да се остане во форма“, како што гласи еден коментар потоа.

„Среќен ден на ’плочките‘. ПС: Не заборавајте да гласате“, порача глумецот во пресрет на претстојните претседателски избори во САД.

Лето (48), инаку, е веган, па според многумина, во тоа лежи тајната на неговиот изглед и форма.

Следни филмови каде што обожавателите ќе можат да го погледнат, се трилерите „Малите нешта“ (The Little things), „Морбиус“, закажани за 2021 година, како и мини-серијата „Лига на правдата“, во којашто ќе ја повтори улогата на „Џокер“.

Во декември, глумецот полни 49 години.

View this post on Instagram

Happy hump day P.S. Don’t forget to vote 🗳

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e