Џенифер Лопез, многумина би рекле, е како вино. Колку е постара, толку подобро изгледа. Пејачката и актерка, која е во шестата деценија од животот, го красеше мартовското издание на магазинот Rolling Stone.
Таа направи едиторијал за ова списание, при што нејзиниот моќен изглед дојде до израз, но фановите исто така беа изненадени и од новиот имиџ на Џеј Ло, односно таа ја скрати косата.