(ФОТО) Џеј Ло ги воодушеви своите фанови позирајќи за својата најнова колекција

50-годишната Лопез изгледала сензационално облечена во две парчиња облека со животински принт, кои се состојат од јакна со висока јака и долна облека.

Во главен фокус на модните фотографии се нозете на пејачката, а нејзините долни и потемнети екстремитети се совршен ‘излог’ за нејзината палета со чевли.

На фотографијата за црните чизми со високи потпетици, Џеј Ло лежи на под во мини фустан со нозете поткренати нагоре.

Нејзината коса е пуштена, а една рака ѝ стои сугестивно на левата нога, додека со другата го гали вратот.

Покрај сите модни проекти, Лопез е зафатена и со нова музика. Минатиот викенд таа сподели фотографии од заедничкото снимање со колумбискиот уметник Малума (26).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e