Глобалната поп-икона Дуа Липа повторно ги воодушеви своите милиони следбеници, но овојпат не од сцената, туку од егзотична локација каде што ги полни батериите по исклучително напорната година.
Со краток опис „мојот куфер останува спакуван“, пејачката објави галерија од фотографии и видеа кои откриваат дел од нејзиното тропско бекство.
На сликите, таа позира во минијатурен костим за капење, покажувајќи ја својата завидна фигура, додека на други се опушта во лежерни комбинации опкружена со бујно зеленило.
