Како што пренесуваат српските медиуми, пејачката Дара Бубамара е во преговори со руски бизнисмен за купување на јахта вредна 300.000 евра.
-Дара отсекогаш посакуваше да има своја јахта. Оваа година таа реши покрај становите кои ги купи, да се почести и со јахта. Таа парите не ги заработи преку ноќ, туку штедеше за да може да ги вложи во нешто. Преку некои свои пријатели стапи во контакт со руски тајкун кој во своја сопственост има неколку јахти за продажба – изјави близок пријател на пејачката.
-На неа и се допаѓа една јахта која чини 300.000 евра. Јахтата сега е во Порто Монтенегро и за десет дена ќе се знае дали Дара ќе ја купи, иако мислам дека таа веќе ја има донесено одлуката – открива изворот.
-И Дара има душа, одговори таа кратко на оваа тема.