Пејачката Александра Пријовиќ на настап во Загреб се појави во впечатлива креација од престижниот француски бренд Schiaparelli, која предизвика реакции и кај публиката и кај модните критичари.
Пејачката Александра Пријовиќ на настап во Загреб носеше фустан од престижен француски моден бренд кој чини 7.100 евра. Со оваа креација, таа повторно покажа дека не штеди кога е мода во прашање.
Фустанот со длабок шлиц, беше истовремено елегантен и смел, привлекувајќи внимание на нејзината публика и на модните критичари. Со право, многумина ја сметаат Александра за една од најдобро облечените на регионалната естрада.
Дел од луѓето велат дека Александра изгледа беспрекорно и дека секое вложено евро е оправдано. Но, други се прашуваат дали еден фустан навистина вреди толку многу пари.
Според модните експерти, креациите на Schiaparelli се ценети токму поради уникатниот дизајн и квалитетот, што делумно оправдува и високата цена на фустанот што го носеше Александра Пријовиќ.
