Фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ редовно е дотерана кога доаѓа на снимањето на „Ѕвезда Гранда“, а сега сите искоментираа еден детаљ за тоа.
Таа секогаш носи скапи парчиња брендирана облека, па овојпат носеше очила за сонце кои се многу специфични.
Интересни очила во форма на пеперутки на познатиот моден бренд Валентино, кои таа ги избра за ова снимање, чинат дури 529 евра или 62.000 динари.
Покрај скапите очила кои го носеше, Ражнатовиќ се одлучи за малку помирна варијанта за остатокот од аутфитот – црн тесен мини фустан, блејзер и црни лакирани чизми до колена.