Елена Велевска важи за една од ретките пејачки кои внимаваат на себе, својот стајлинг и изглед, па затоа и е една од најпознатите и најпопуларни фолкерки.
По одморот во Турција, освежена и одморена, Елена почувствува дека за најновата фотографија на социјалните мрежи нема потреба од шминка и пред своите обожаватели и следбеници покажа како изгледа во сосема природно издание.
За овој изглед Елена доби лавина од комплимети.
„Лепото, Цеца може да се поклони пред тебе“ – гласи еден од коментарите. Цеца не ти е до колена, дополнува друг нејзин фан.