Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ ужива на Малдивите каде секојдневно објавува слики и снимки.
Таа сега на својот Инстаграм профил објави фотографија која го одзема здивот.
Имено, на фотографијата се гледа како фолк ѕвездата седи во када полна со пена и ливчиња, свртена кон сонцето и океанот, додека таа ги подигнала рацете високо и ги поставила прстите во форма на срце.
Веднаш сите почнаа да се расправаат дали Цеца позирала без костим за капење, што не се гледало јасно поради влакната што и го покривале грбот.
Таа покрај фотографијата напиша: „Ви испраќам едно големо срце“.
Бројни следбеници оставија коментари под фотографијата.
„Што би дал сега да сум пред Цеца“, „Жено, ти си нереална“, „Каква слика, леле“, гласат дел од коментарите.