(ФОТО) Брус Вилис со костимот од „Армагедон“ сака да го спаси светот

Американскиот актер Брус Вилис очигледно добро се забавува среде пандемијата на коронавирус, а неговата ќерка неговиот „излет“ го сподели со фановите.

Ќерката на 65-годишниот актер, Румер Вилис објави фотографија на својот профил на Инстаграм на која е фотографиран Брус во портокалов костим и маска за заштита од коронавирус. Румер откри дека тоа е истиот костим што Брус го носеше во познатиот филм „Армагедон“ од 1998 година во режија на Мајкл Беј.
brus-610x400Својот изглед Брус го опишал со зборовите дека ова е „неговиот начин да го спаси светскиот „аутфит“, откако веќе „го спаси“ еднаш светот од големиот метеор во „Армагедон“.

Ѕвездата од „Умри машки“ нема свој профил на социјалните мрежи, па неговата ќерка ја презела одговорноста фановите да дознаат за домашниот „маскенбал“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e