(ФОТО) Бијонсе во гламурозно издание собра 2 милиони лајкови на Инстаграм

Бијонсе се појави на гала вечерата на американскиот музички продуцент Клајв Дејвис во провокативен црвен фустан, кој не помина незабележано.

Долгиот црвен фустан откри дека Бијонсе не носи долна облека, а се истакна и длабокото деколте.

Пејачката се пофали со фотографии на Инстаграм, каде доби повеќе од два милиони лајкови и коментари за само неколку часа. „Совршена“, „Зошто ми го правите ова?“, „Каква жена“, напишаа обожавателите.
Американските медиуми објавија дека Бијонсе се појавила на забавата пред доделувањето на наградата Греми, придружувана од сопругот Џеј Зи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e