(ФОТО) Антониа и нејзиното момче Иван ги шокираа фановите: Имаат нови оригинални фризури!

Изминатиот период фризерските салони и козметичките студија беа затворени поради пандемијата, па многумина од јавните личности мораа да научат дома да се фенираат, шминкаат.

Меѓутоа, кога почнаа да се отвораат и да работат под одредени правила, сите си закажаа термин кај козметичар и фризер.

Една од нив е и македонската пејачка Антониа Гиговска, која ја промени бојата на косата, а покрај неа, нова фризура има и нејзиното момче, Иван Јованов.

Вчера на социјалните мрежи Антониа и Иван ги изненадија своите обожаватели. Двајцата заминаа на фризер, а резултатот остава без зборови.

Овој пат и двајцата решија да направат промена на бојата на косата – Антониа ја обои во розово, а Иван стана русокос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e