(ФОТО) Антониа Гиговска ги изненади фановите – Драстично ја скрати косата!

Младата пејачка Антониа Гиговска која својата популарност уште повеќе ја стекна во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ каде што воодушеви со својот вокал, деновиве посети фризерски салон на еден познат македонски фризер и повторно го промени својот изглед.

Овој пат пејачката не ја промени бојата на косата, туку ја скрати. Оригиналната македонка сега има пократка рамна коса со шишки, а со новиот имиџ се пофали на социјалните мрежи со објаснување „Си ја скратив косата“.
Фотографијата за краток период доби повеќе од 8 000 лајкови и позитивни коментари за нејзиниот нов изглед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e