Ќерката на фолк дивата Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, станува се повеќе популарна и тоа не заради нејзината мајка туку заради нејзината активност како во музиката така и на социјалните мрежи.
Анастасија во моментов летува на црногорскиот брег, а за да не и биде премногу досадно но и да ја има по медиумите секој ден објавува фотографии на Инстаграм со кои покажува со какво тело располага.
Последната фотографија на јахта на младата пејачка предизвика „топлотен удар“ на Инстаграм.
Анастасија сподели како се сонча, но секако до израз дојдоа нејзинте облини, а задникот во преден план.
Потоа следуваа лавина коментари, особено од машкиот пол кој не остана имун на фотографијата па дури и предлог за брак.