Пејачката Ана Николиќ во текот на бременоста драстично се здебели, па на крајот имаше над 110 килограми.
Но, по долгата борба со вишокот килограми, пејачката успеа во својата намера да ослаби и телото да го доведе до ред.
Имено таа сега често привлекува внимание со своите објави на Инстаграм. Овој пат, пејачката се сликаше во купатило, при што ја крена ногата и објави слика во жешка поза.
„Дали ќе научам некогаш да се сликам сама…?“, напиша Ана во описот на фотографијата.
Фотографијата предизвика бура од коментари, а многу нејзини фанови на Инстаграм ја нападнаа затоа што сметаат дека пејачката е премногу слаба и мора итно да качи некој килограми на себе зашто се соочува со анорексија.