Католички Божиќ слават и поранешната тенисерка Ана Ивановиќ (34) и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер (37).
Тие на своите следбеници на Инстаграм им открија и неколку детали од нивниот планински рај во Вестендорф, Австрија, кој прекрасно го украсија за празниците.
На фотографиите кои ги објавија ги нема нивните наследници Леон и Лука, но сосема е сигурно дека малечките се во центарот на вниманието за време на овој радосен празник, како и дека ова божиќно утро ги чекала елка со многу подароци.
Она што можеме да го видиме е дека Ана посебно се дотерала за католички Божиќ. Таа носеше празничен џемпер и долги бели чорапи, а позираше под прекрасна елка.