Пејачката Ана Бекута реши да настапи за Нова година по смртта на долгогодишниот партнер Милутин Мркоњиќ, а тоа го објави на својот Инстаграм профил.
Имено, таа прво донела одлука да се повлече од јавниот живот, но решила да ја исполни последната желба на политичарот и да продолжи да работи и да пее.
Сега, за прв пат по неговата смрт, таа се појави во јавноста со нејзината колешка Неда Украден и градоначалникот на најголемиот град во Република Српска, Драшко Станивуковиќ.
Ана позираше насмеана и негувана, а во таа прилика беше облечена во крем кошула, па јасно е дека ја соблече црнилата по смртта на Мрка.