Алесандра Амбросио прошетала во комбинација без градник, благодарение на која што се нашла на мета на папарацо фотографите, но исто така и минувачите не останале имуни на нејзината убавина.
Алесандра како во текот на својата кариера да се изморила од носење градници, па очигледно сега најдраги ѝ се комбинациите без нив, односно лежерен стил со кој што гордо се шета по улиците на Лос Анџелес.
39-годишната манекенка во такво издание била уловена, па самоуверено прошетала со заштитна маска на лицето.
Инаку, неа шетањето и одењето на плажа ѝ се омилените активности по карантинот поради пандемијата коронавирус кој што го поминала со своето момче, италијанскиот претприемач Оди и децата кои што ги добила со својот поранешен вереник Џејми Мазури.