Пејачката Александра Пријовиќ напорно работеше за време на новогодишните празници, а сега реши да здивне и да патува и да ги посети потоплите краишта.
Имено, Александра заминала во Мајами, а оттаму се огласила на својот Инстаграм.
Таа на својот Инстаграм профил сподели стори на кое може да се забележи неверојатен поглед, наутро на прекрасната, песочна плажа.
Нема сомнеж дека Пријовиќ ќе ужива и ќе ги наполни батериите во наредните денови, а многумина се прашуваа дали друштво и прави сопругот Филип Живојиновиќ.
„Убаво, леле“, „Каков рај“, „Уживајте мила“, „Убава, а каде е Филип“, „Сама ли одмараш или со сопругот?“, се само дел од љубопитните коментари.