Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави со афро кадрици на снимањето на шоуто на Звезда Гранда на 7 март и ги воодушеви сите присутни.
Само што излегла од џипот „паднал“ коментарот дека изгледа убаво, а Цеца низ насмевка одговорила:
– Денеска сум другарка ми Лидија Вукиќевиќ!
Фолк ѕвездата овој пат носеше и афро кадрици кои се заштитен знак на Вукиќевиќ, а сите коментираа дека оваа фризура и стои одлично.
Цеца беше видно расположена, иако претходната вечер до доцна во ноќта уживаше со својот колега и пријател Аце Лукас на свадбената веселба на неговиот син.