Македонската водителка, пејачка и претседател на кулнарското друштво „Гастромак“, изминатиот викенд имаше убав повод за славење, радување.
Адријана Алачки објави фотографија од прстенот со кој нејзиниот Благоја ја запросил неговата партнерка Лина, а во опис напиша емотивна порака.
„Моменти за кои живееме, кои ни даваат смисол на животот, ерупција од емоции, како што доликува со сите нишани, да им е вечна љубовта, да имаат убав збор еден за друг, семејството да им биде столбот, слогата да им е секојдневие.да бидат добар пример на своето поколение, како огледало да се огледуваат еден во друг..да им е полна куќата со дечиња, честитки деца мои златни! Од Бога да сте благословени“, напиша Алачки.