Адел продолжува да го покажува своето неодамнешно слабеење на Инстаграм во објавата посветена на колешката Бијонсе и нејзиниот последен визуелен албум Black is King.
„Ти благодарам кралице што секогаш нè правиш да се чувствуваме сакани преку твојата уметност“, напишала Адел веднаш до фотографијата за која добила повеќе од 3 милиони лајкови за помалку од 12 часа, а многу нејзини обожаватели ги поканиле да соработуваат.
„И ти си кралица“, „Изгледаш фантастично“, напишаа нејзините фанови, а многумина беа полни со пофалби и за нејзината нова фризура. Бројни обожаватели на 32-годишната пејачка исто така и кажале дека изгледа непрепознатливо. Таа во последните 4 години изгуби скоро 50 килограми, а нејзината трансформација веќе некое време е тема на социјалните медиуми.
Пред неколку месеци, нејзиниот поранешен личен тренер ја бранеше пишувајќи дека Адел не ослабувала за да ги натера другите да се чувствуваат подобро, туку се подобрила единствено заради себе и семејството.