Фановите шокирани: Бред Пит и Џенифер Анистон првпат после разводот заедно ќе соработуваат

Бред Пит и Џенифер Анистон после разводот првпат повторно ќе соработуваат.

Омилениот пар, кој бракот го заврши во 2005-та година, ќе учествува во интересен проект.

Станува збор за виртуелна манифестација „Feelin A live“, поточно читање на сценариото на легендарниот тинејџерски филм „Fast Times at Ridgemont High“ од 1982-ра година.

Читањето го организира една од оригиналните ѕвезди на филмот, Шон Пен, за да се соберат пари за добротворни цели, а ќе учествуваат и ТВ водителот Џими Кимел, Морган Фримен, Шиа Лебеф, Метју Меконаки и Џулија Робертс. Ова ќе биде првпат Бред и Џен заедно да работат после разводат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e