Елена Велеска готви, вежба и учи англиски во изолација

Пандемијата на коронавирусот ја натера речиси целата популација на светот да се изолира со цел да се спречи понатамошното ширење.

На овој вирус не е буквално никој имун,  безразлика дали сте позната личност или не.

И македонската естрада е во изолација со денови, а меѓу нив и познатата фолк-пејачка Елена Велевска.

– Максимален фокус на обврските кои ги имаат децата. Ситуацијата е таква каква што е, децата не одат на училиште, но имаат обврски кои мораат да ги завршат. Мајка сум на три деца, и се трудам колку можам да им помогнам, сега за сега ми успева. Но покрај тие обврски речи си и да не помине ден без играње на некоја друштвена игра, монопол, на буква на буква….Се трудам да не им биде здодевно, – вели Велеска за „Слободен печат“.

– Готвам како никогаш до сега. Не бев толку вешта во кујна, можеби немањето доволно време си го направи своето, но деновиве сум често во кујна им ги исполнувам желбите на децата.

– Вежбам он-лајн. Зависна сум од вежбање и среќна сум што и во оваа ситуација можам да продолжам со редовен тренинг. Он-лајн тренинг за убав ден и намалување на негативна енергија пред се.

– Усовршување на англиски јазик. Работите за кои немав време, а ми се неопходни ги правам сега. Покрај што учат децата, јас се солидаризирав со нив и го усовршувам англискиот јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e