Елен Деџенерис проговори за коронавирусот: Болка во грбот е мачен симптом

Познатата водителка е заразена со коронавирус. Се чувствува добро, но ја измачува болка во грбот. Оваа болка е еден од симптомите на коронавирусот.

Елен Деџенерис откри дека болката во грбот е симптом на коронавирусот. И тоа, ако ја прашувате неа, многу мачен симптом.

Познатата водителка минатата недела објави дека е позитивна на Ковид-19. Има блага форма и се чувствува релативно добро, освен што ја измачува – болка во грбот.

„Никој не ве предупредува да очекувате болки во грбот. Прилично е мачно“, им се доверила Елен на своите следбеници на социјалните мрежи.

За тоа дека болката во грбот е симптом на коронавирус, потврди и медицината. Видиа Мони, епидемиолог од Калифорнија вели дека болките во долниот дел на грбот најчесто се рани симптоми на Ковид-19. Се јавуваат два до три денови пред останатите симптоми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e