25-годишната манекенка Џиџи Хадид е бремена, а таа и нејзиното момче Зејн Малик очекуваат ќерка.
Џиџи открила детали од бременоста во разговор со комичарот Џими Фалон.
“Многу сме возбудени и среќни и благодарни на сите за прекрасните пораки, честитки и поддршка”, рекла бремената манекенка.
“Не знам дали е поади моите хормони кои моментално дивеат или поради емоциите во овој карантин, но плачам на секои 5 минути по еден час”, додала Хадид.
Манекенката е во изолација со своето семејство во Пенсилванија, но со неа е и нејзиното 27-годишно момче Зејн. Џиџи истакнала дека е пресреќна поради бременоста, но и дека таа и музичарот поминуваат многу време заедно бидејќи тој не настапува поради епидемијата на коронавирусот.
Хадид вели дека постојано ѝ се јадат разни пецива и дека нејзиното семејство секојдневно ѝ купува закуски од омилената пекара.
Пред манекенката да ја потврди веста за бременоста, нејзината мајка Јоланда го направила тоа наместо неа.
“Секако дека сме среќни и возбудени. Едвај чекам да станам баба во септември оваа година, уште повеќе затоа што неодамна ја изгубив мојата мајка. Но, ова е убавината на животот, една душа нè напушти, а сега доаѓа друга. Благословени сме”, рекла мајката на Џиџи.