Холивудската актерка Џенифер Лоренс се повредила за време на снимањето на филмот „Не барај горе“ во американскиот град Бостон.
Лоренс за време на акцијата на филмот ја погодило парче стакло над окото, пренесува Дејли меил.
Тоа била планирана и контролирана експлозија, која е дел од заплетот на филмот што се снима деновиве во Бостон. Сепак, и покрај претпазливоста, поради експлозијата, големо количество стакло одеднаш се распарчило и ја погоди и повреди актерката.
На фотографиите направени од „Дејли меил“ се гледа како Лоренс лежи на земјата, држејќи го лицето додека неколку минувачи притрчале на помош за време на снимањето.
Извор од сетот изјави за Page Six дека Џенифер ја погодило стакло, но дека сега е добро..
Снимањето на филмот, кој што бил окарактеризиран како политички, но и филм за катастрофа, беше запрен во петокот по инцидентот.