Џенифер Лопез откри како се чувствува во врска со одложената венчавка на неодредено време поради коронавирусот. Лопез требаше да се венча со Алекс Родригез и наводно имала големи планови за венчавката која требаше да се случи ова лето во Италија.
„Никој не знае кога ќе биде“, рекла Лопез за датумот на својата венчавка во едно интервју и додала:
„Вистина е, моментално нема планирање. Само морате да почекате и да видите како се ќе се одвива. Разочарувачки е на едно ниво, знаете после „Super Bowl“ и „World of Dance“, планиравме да се одмориме, што е токму тоа што го правиме во моментов, но во исто време имавме и многу планови за ова лето и општо оваа година. Сега се е некако на чекање. “