Дуа Липа открива како да ги разгорите страстите во спалната соба

За пејачката Дуа Липа не постојат забранети теми, па така во поткастот зборувала за тоа како со својот партнер во кревет да поминете одлична ноќ.

Дуа Липа зборувала за интимните односи и појаснила како таа ја разгорува страста во кревет. Најважно е никогаш да не ви биде здодевно и монотоно.

Пејачката нагласила дека сѐ е многу едноставно и дека „тајната“ на добрата врска е искрената комуникација со партнерот, но тоа не треба да го правите во спалната соба.

Дуа Липа смета дека тоа е единствениот начин врската да опстане и да имате страст дури и после десет години врска.

„Целосно е бизарно да не разговарате со партнерот за тоа што му се допаѓа, а што никако не сака да го прави во кревет. Искрите во кревет мора секогаш да бидат присутни и треба дополнително да се зближите со партнерот. Мислам дека важно е да разговарате за интимните односи и да бидете послободни во врска со тоа за да може да се ослободите од вината и срамот“, појаснила пејачката.

За да уживате со својот партнер и кога ќе остарите, пресудна е една работа, наведува Дуа.

„Клучот на трајната љубов е во пронаоѓањето забава еден во друг. Мора да бидете возбудливи, а правењето нови работи со партнерот никогаш не треба да прекине“, заклучила Дуа Липа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e