“Во Калифорнија можете да користите само 26 знаци на англискиот јазик за името на своето дете”, вели семејниот адвокат Дејвид Глас за списанието “People”.
Два дена откако Илон Маск и Грајмс го најавиле раѓањето на нивниот син и на социјалните мрежи го споделиле неговото единствено име – X Æ A-12 – адвокатот за семејно право Дејвид Глас објаснува дека се додека името не биде технички легално, државата нема да го признае.
“Во Калифорнија можете да користите само 26 знаци на англискиот јазик за името на своето дете”, објаснува тој. “Значи, не можете да имате броеви, римски цифри, акценти, звучни промени или други симболи и емотикони. Иако, на пример, апостроф за име како “О’Конор” е прифатливо”.
Глас тврди дека, доколку родителите во крштеницата го внесат името X Æ A-12 со броеви цртички и симболи, ќе бидат одбиени и од нив ќе се бара да поднесат нов матичен лист.
“Имаат можност да поднесат жалба доколку ги одбијат, но малку е веројатно дека одлуката ќе се промени, бидејќи Калифорнија се бори за користење на одредени симболи”, додава тој.
Потсетуваме, Грајмс на Твитер објаснил дека дел од името на нивниот син A-12, доаѓа од SR-17 (Нивниот омилен авион).
“SR-71 е, но да”, напишал Маск, исправајќи ја нејзината грешка.
Грајмс не била воодушевена од поправањето на својот сопруг, повикувајќи се на тоа дека закрепнува по операцијата и не може да мисли на се.