Детали за предбрачниот договор на Џенифер Лопез и Алекс Родригез: „Ако ме изневериш, ќе платиш“

Американската пејачка и латино дива Џенифер Лопез (51) бара нејзиниот свршеник и идниот сопруг Алекс Родригез (45) да потпишат предбрачен договор во кој тој ќе и вети дека ќе и плати 250 милиони долари во случај на измама.

Имено, познатата пејачка бара од нејзиниот иден сопруг и поранешен бејзбол играч да потпишат „клаузула за измама“, пишуваат странските медиуми.

Латино дивата, наводно, прави се што може за да го спречи нејзиниот иден сопруг да ја изневерува во иднина.

Таа, како што се наведува, многу јасно му рекла на својот вереник: „Ако изневериш, ќе платиш“.

Двајцата, наводно, ја одложуваат венчавката бидејќи веќе подолго време планираат обемна предбрачна спогодба, а требаше да се венчаат на почетокот на оваа година, но поради пандемијата на вирусот корона, тие ги одложија своите планови.

Двојката, наводно, ги влошила односите во последно време.

Изворот тврди дека Родригез би морал да плати 250 милиони долари доколку ја изневери, што значи дека работите во моментот не се многу среќни во нивниот дом, но фановите се надеваат дека наскоро ќе слушнат среќни вести за нивната венчавка.

Инаку, Родригез е „тежок“ 350 милиони долари, додека Џенифер има „само“ 50 милиони повеќе од него – 400 милиони долари, што значи дека со оваа предбрачна клаузула, ако Алекс го потпише, може да земе повеќе од половина од неговото богатство во случај на неверство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e