„Despacito“ руши рекорди: Бројот на прегледи наскоро ќе го надмине бројот на луѓе на планетата

Песната „Despacito“ од Луис Фонси и Деди Јенки, објавена во 2017 година, наскоро ќе има повеќе прегледи на YouTube отколку што има жители на планетата Земја.

Песната собра повеќе од седум милијарди и петстотини милиони прегледи за четири години. Вкупното население на Земјата се проценува на седум милијарди и деветстотини милиони луѓе.

Кога беше објавена, песната беше планетарен хит што речиси без прекин се емитуваше на радио во текот на 2017 и 2018 година.

Популарноста на оваа песна не опадна ниту во следните неколку години.

Музичките експерти и новинари ја окарактеризираа како песна која е заслужна за враќањето на латинозвукот во мејнстрим попот.

Текстот на песната е на шпански. Авторите ја преработија песната и со Џастин Бибер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e