Пред една година на денешен ден во Сплит, по едногодишна борба со рак на белите дробови почина еден од најпопуларните пејачи на овие простори, Оливер Драгојевиќ. Беше погребан на 1 август во Вела Лука на островот Корчула.
Оливер е роден во Сплит, на 7 Декември 1947 година. Неговото семејство има корени од Вела Лука, каде тој го помина и детството. Музичката кариера ја започна во 1974 година со настап на фестивалот во Сплит, каде победи со песната “Ća će mi Copacabana”. Оливер зад себе ја остави сопругата Весна со која беа во брак повеќе од 40 години и со која имаат три синови.