Според пишувањата на “Woman’s Day Australia”, Дејвид и Викторија Бекам го очекуваат своето петто дете.
Имено, овој таблоид тврди дека шпекулациите за бременоста на Викторија ги поттикнала таа самата, односно нејзините папарацо фотографии на кои ѝ се гледа трудничкото стомаче.
Бременоста на Викторија ја потврдил и пријател на славното семејство кој сакал да остане анонимен.
“Бременоста би ја направила Викторија најсреќна на светот. Тие најмногу уживаат во улогата на родители на своите тројца синови и едната ќерка, а историјата покажува дека нивниот брак е најсилен токму во периодите кога таа е бремена”, изјавил изворот.
Поранешната “спајсица” и прославениот поранешен фудбалер се горди родители на 4 деца – 8-годишната Харпер, 15-годишниот Круз, 17-годишниот Ромео и 21-годишниот Бруклин.
“Во последните неколку години се соочуваа со бројни брачни потешкотии и токму детето е она што им е потребно за да го вратат бракот на вистинскиот пат. А на братот или сестрата најмногу се радува најстариот син – Бруклин, кој неодамна го прослави 21-виот роденден”, додал неименуваниот пријател на парот.