Џесика Бил и Џастин Тимберлејк го добија своето второ дете, дознава „Дејли мејл“.
Уавата актерка роди момче и во моментов закрепнува од породувањето дома во друштво на својот сопруг и нивниот петгодишен син Сајлас.
Мајката на актерката, Кимберли Конро Бил е исто така со нив за да ѝ помогне на својата 38-годишна ќерка во сè што треба. Токму нејзините пријателки потврдија дека станала баба, но портпаролите на славното семејство сè уште не ја коментирале среќната вест.
Тимберлејк и Бил не се појавиле во јавноста од март годинава, а медиумите шпекулираат дека славната двојка е во нивниот дом во Монтана од кога започна пандемијата на коронавирус.