Цеца си ја отвори душата: Пресреќната сум за третото внуче, ама сакам и Анастасија да добие дете

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна истакна дека била пресреќна кога дознала дека Богдана и Вељко го очекуваат третото момче со што го израдуваа целото семејство, а со целото срце се надева дека Анастасија и нејзиниот сопруг Немања Гудељ ќе добијат дете.

Фолк ѕвездата проговори за загубата која ја доживеа Анастасија и призна дека оваа огромна тага ја одбележала нејзината година. Од друга страна, голема радост доживелала и од синот Вељко, кој со сопругата Богдана го очекува третиот син. Затоа, нагласува, не може да каже дека 2023 и била лоша година.

– Беше шарена. Имав многу успешни концерти, многу радост, среќа, а имав и дел каде што доживеав огромна тага и болка кога станува збор за Анастасија. Па, повторно добра вест, Богдана и Вељко го очекуваат своето трето бебе, машко – изјави Цеца, а потоа истакна дека на животот секогаш гледа од позитивната страна.

– Изминатата година беше осцилирачка. Не можам да кажам дека беше грда или светла, но пак велам животот продолжува, гледаш нешто позитивно, убаво. Важно ми е ќерка ми да е добро, изјави Цеца и отрки што посакува во 2024 година.

– Моите желби се Анастасија и Немања да добијат бебе, да го завршам албумот, да направам концерт… Желба ми е да имам 10-дневен одмор во мојот живот, но очигледно наместо на море ќе завршам во бања за рехабилитација, со пензионери, се пошегува Цеца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e