Кон средината на јануари минатата година во јавноста протече веста дека балканската музичка ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ и познатиот белградски угостител Богдан Срејовиќ се во љубовна врска.
Во претходниот период Светлана и Богдан поминуваа доста време заедно, а одредени моменти од љубовната приказна покажаа на социјалните мрежи.
Но во последно време Цеца и Богдан не се појавуваа заедно по што како што пренесоа српските медиуми парот раскинал а Цеца и Богдан не сакале премногу да коментираат за раскинувањето како и што се случило, но единствено и двајцата биле едногласни:
– Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот, истакнале Цеца и Богдан..