Вереницата на британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека нивниот син ќе се вика Вилфред Лори Николас Џонсон (Wilfred Lawrie Nicholas Johnson), поради почит кон дедовците и лекарите кои го излекуваа премиерот од коронавирусот.
„Вилфред како дедото на Борис, Лори како мојот дедо, Николас како Ник Прајс и Ник Харт, лекарите кои му го спасија животот на Борис“, рекла вереницата на Џонсон, Кери Симондс (32).
Бебето се родило во средата, два дена откако Џонсон (55) се вратил на работа после престојот во болница и опоравувањето од коронавирусот.
Џонсон досега двапати се венчал – во 2018-та година се разведе од сопругата со која беше 26 години во брак, а на почетокот на 2019-та година се појави во јавноста со Кери Симондс.
Премиерот има четири деца од двата брака. Британските медиуми на Џонсон му ‘препишуваат’ уште едно вонбрачно дете.