Боки 13 се прости од мајката на Карлеуша: Додека одев во женски сукњи ти гордо се шеташе со мене!

Македонскиот шоумен, водител, менаџер и пејач и сопственик на 1тв изрази огромно сочуство до семејството Карлеуша.

Со емотивна порака се прости од својата најдрага пријателка Дивна Карлеуша, нивната дружба ќе остане засекогаш запаметена по учеството кое го земаа двајцата во големото реално шоу Големиот брат каде се докажаа дека се големи пријатели.

„И додека јас одев на штикли и во женски сукњи ти секогаш гордо шеташе со мене низ улиците во Белград, ме бодреше и ми даваше поддршка додека другите ми се потсмеваа. Ти ми беше како друга мајка. Беше со мене кога ми беше најтешко, веруваше и ме поддржуваше. Беше прва која ме однесе во нашиот омилен ресторан во Белград, ти беше толку голема а толку скромна, ти беше најгалантната жена кој сум ја запознал.

Ти беше единствена, посебна и неповторлива, ти беше навистина Дивна.“

53320746_352770055579415_7778304073635201024_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e