Американската пејачка Бијонсе одлучила да донира 500.000 долари за помош на луѓето кои се соочуваат со иселување поради кризата со домувањето предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Таа одлучила да понуди грант од 5.000 американски долари за да им помогне.
Луѓето можат да се пријават за грантот од 7-ми јануари, 2021-ва година, објавила пејачката на својата веб страница во вторникот. Помошта ќе биде испратена на 100 луѓе избрани кон крајот на јануари.
„Бијонсе продолжува да дава поддршка и да помага таму каде што е најпотребно. Втората фаза од фондот сега ќе им помогне на погодените од кризата со домувањето“, се наведува во соопштението за медиумите на веб-страницата на пејачката.
Во него се додава дека мораториумот за домување треба да заврши на 26-ти декември, што би резултирало со ликвидација на хипотека и иселување и потсетува дека многу семејства беа погодени од пандемијата, што резултираше со губење на работното место, болест и целокупната економска криза.