Џастин Бибер ги демантираше обвиненијата дека сексуално нападнал жена, која го обвини на социјалните мрежи.
Девојакта која се претстави само како Даниела, на Твитер во саботата напиша дека пејачот сексуално ја нападнал во хотелот во Остин, Тексас, на 9 март 2014 година.
Откако Бибер ги демантираше обвинувањата, нејзиниот профил на Твитер исчезна.
Бибер напиша дека во текот на целата кариера се соочува со „случајни обвиненија“, а за сето тоа одлучи да проговори по разговорот со својата жена Хајли.
Истакна дека „гласините се само гласини“ и нагласи дека сексуалната злоупотреба не ја сфаќа лесно.