Бев ужасна сопруга – призна Ева Лонгорија по смртта на нејзиниот прв сопруг

годниот актер којшто глумеше во некои од најгледаните и најдолговечни американски серии починал неколку денови пред својот 51 роденден.

Американските медиуми јавуваат дека актерот Тајлер Кристофер починал на 51 година по срцев удар.

Ѕвездата на најгледаните сапуници „Денови на нашите животи“ и „Општа болница“ нѐ напушти одненадеж, а неговиот ПР, Чи Муи Ло ја потврди тажната вест.

„Оваа вест е неверојатно шокантна и јас сум скршен со оваа загуба. Тој беше надарен актер и што е најважно, неверојатен пријател. Моето срце е со неговите пријатели и семејството кои многу го сакаа“, се наведува во соопштението.

Тајлер Кристофер зад себе ги оставил синот Грејсун и ќерката Бохими, а имал два брака позади себе. Пред две години тој се развел од раперката Бријен Педиго, а малку познато е дека неговата прва сопруга била славната актерка Ева Лонгорија со која се разишол во времето кога почнала да се емитува серијата „Очајни домаќинки“ која ѝ донесе светска слава.

Како што во една прилика раскажал, нивниот однос многу се менувал додека не помислиле дека треба да остарат заедно.

„Излегувавме, па бевме пријатели, а потоа повторно заедно“, изјавил Тајлер во едно интервју.

Одлуката да се венчаат ја донеле нагло, а судбоносното „да“ го изговориле во Лас Вегас во 2002 година.

„Да се биде во брак е потешко отколку што се мисли. И двајцата имаме навики од кои не сакаме да се откажеме“, признала Ева во едно интервју.

Само две години подоцна, Ева и Тајлер одлучиле да се разделат, а потоа низ годините не го коментирале својот развод. Сепак, актерката подоцна истакнала дека не може да каже ниту еден грд збор за поранешниот сопруг.

„Тој беше прекрасен човек, но јас секогаш бев премногу млада. Не знаев и се борев да успеам како актерка. Бев ужасна сопруга“, истакнала Лонгорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e